Македонската кошаркарска репрезентација денеска ги продолжува квалификациите за пласман на Европското првенство против Италија, која, како и „црвено-жолтите“ номеврискиот циклус во Талин ќе го одиграат во видно изменет состав.

Според информациите, италијанскиот селектор Мео Сакети за пресметките против Македонија и Русија, во кои „азурите“ немаат императив за победа, повика петмина дебитанти.

„Неколкумина од нив ќе имаат можност да дебитираат во азурниот дрес, и она што најмногу го посакувам е да го го обновам тој дух виден во февруари минатата година, кога покрај победите имаше неверојатно учество и вклученост дури и од оние кои не беа во тимот. Дојдовме во Талин да играме најдобро што знаеме и умееме, и затоа што кога ќе го носите дресот на репрезентацијата, секој натпревар се брои“, изјави Сакети пред  дуелот со Македонија.