Директорот на мадридски Реал, Хуан Карлос Санчез, потврди дека иако тренерот Пабло Ласо има уште една година од својот договор со кралскиот клуб, тој ќе остане во Мадрид. Ласо во својот договор има и излезна клаузула доколку добие понуда од НБА, но Санчез е дециден дека Ласо останува.

„Веќе сум уморен од повторување, Ласо ќе остане во Мадрид колку што сака. Никогаш повеќе нема да имаме тренер како него, тренер кој постигнал толку многу. Тој е легенда и дел од клупската историја, му предвидувам долга иднина во овој клуб.“ – изјави Санчез.

Пабло Ласо седна на клупата на мадридски Реал во 2011-та година и со овој клуб има освоено 17 трофеи: две титули во Евролигата, еднаш Копа Интерконтинентал, по пет пати го освојуваше шпанското првенство и Купот на Шпанија, а четири пати се радуваше на титула во Суперкупот.