Саша Обрадовиќ денеска беше претсавен како нов тренер на Црвена Звезда. Тој на прес-конференцијата за медиумите изјави дека е свесен дека навивачите имаат големи очекувања од него.

„ Сметам дека сум дел од оваа куќа, историјата на Звезда. Мислам дека сите овие години заслужив шанса да бидам тренер на Звезда. Свесен сум за очекувањата, подготвен сум физички и психички да го издржам големиот притисок. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата“- изјави Обрадовиќ.

Тој исто така ги претстави Миленко Богичевиќ, Богдан Караиќ и Душан Марковиќ за свои помошници и порача дека Звезда ќе игра модерна европска кошарка.