Неочекувано и до некаде изненадувачки, младиот Лука Савиќевиќ се најде во ростерот на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија.

Тој е дел од тимот на слекторот Тодоров за престојниот евроквалификациски двомеч во Талин.

„Повикот за сениорската репезентација ми претставува голема чест. За прв пат во кариерата имам шанса да бидам дел од сениорската репрезентација, и тоа ќе биде едно ново искуство во мојата млада кариера. Подготвен сум за предизвиците кои стојат пред мене. Верувам дека ќе оствариме позитивен резултат и дека сите заедно, ќе дадеме сè од себе за да дојдеме до таа цел. Изминатите неколку дена бев во можност да научам доста нови работи од постарите и поискусни играчи. Со повеќето од нив се познавам подолго време и ми доста помогнаа. Секако за многу полесно да се прилагодам на сениорската кошарка. Благодарен сум на добиената шанса, и се надевам дека ќе ја искористам на вистински начин. – изјави Савиќевиќ.