Македонскиот репрезентативец, Лука Савиќевиќ во интервју за официјалниот сајт на КФСМ ги откри неговите планови за престојниот период откако му заврши договорот со „Шпанската кошаркарска Академија“.

Поради Ковид-19 последниот натпревар го одгира на 9 март, по ова мораше да биде во карантин па во самоизлолација кога се врати во Македонија.

„Никогаш во мојот живот не сум бил толку одвоен од топка и од кошарка. После тој карантин полека почнав да се враќам на рутината, колку што дозволуваше периодот без полициските часови. Почнав со одење, возење велосипед, пешачење на Водно и дома со вежби за тело. Одам и на маалското игралиште, наутро рано кога нема никој, да шутирам на кош. – објаснува Савиќевиќ

Тој ги мина сите младински селекции на Македонија а се најде и на поширокиот списокт на Александар Тодоров за дуелите со Естонија и со Русија но не доби шанса.

„Оваа сезона играв во М18, но и за сениорскиот тим. Па за викендите имав по два натпревара со 30 минути поминати во игра. Психичкиот момент не ми беше проблем, бидејќи неколку години наназад играм за постари генерации од мојата, 2002. Не знаев како ќе се носам со физичкиот момент. Сепак се работи за изградени играчи, постари по неколку години од мене. Може да се научи многу од играта во сениорска лига. – изјави Савиќевиќ

Поради пандемијата откажано е јуниорското Европско првенство а Савиќевиќ вели дека тоа е голема штета за генерацијата 2002 затоа што имаат одличен состав.

„Најважно во следниов период за мене е да започнам со нормални тренинзи како би се спремил за новата сезона. Договорот ми заврши и после две и пол години во академијата, време е за нова средина и поголеми предизвици. Имам повеќе понуди за кои ќе одлучам во наредниот период. До почетокот на новата сезона, има доволно време. Во оваа прилика би сакал да изразам голема благодарност до КФСМ за покажаната професионалност во однос на грижата кон мене како репрезентативец. Постојано беа во контакт со мене додека бев во Шпанија во карантин. Ми понудија и помош за враќање дома. Јас секако ќе се оддолжам со мојата игра во нашиот дрес, кој со гордост го носам веќе шест години, од најмалите генерации“– додава Савиќевиќ.