Утрово на патот кај Бања Лука се случи тешка сообраќајна несреќа во која тешко е повреден српскиот кошаркар и репрезентативец Огњен Кузмиќ.

Кошаркарот на Црвена звезда со своите пријатели се враќал од свадба и со својот автомобил се удрил во друг.

Заедно со него бил и неговиот пријател, а во другиот автомобил бил боксерот Дражен Јањанин, во кој бил совозач.

Се враќав од Минхен и пријателот дојде со мене. Околу пет часот наутро зад кривината пред нашите очи се појавија светла, а потоа автомобил со голема брзина наиде на нашата страна од коловозот и удри во левата страна од автомобилот. Мојот пријател успеа некако да се тргне на страна” изјави Јањанин.

За разлика од нив, автомобилот во кој се наоѓал Кузмиќ се истркалал се превртел и застанал на ливада.

” Го скршив прозорот, го извлеков пријателот од автомобилот. Отидовме доле до другиот автомобил, а од него се слушаше гласна музика. Пожарникарите дојдоа и ги извлекоа од автомобилот.Ние добро поминавме но слушнав дека Кузмиќ и неговиот пријател се во тешка состојба и се молиме за нивното здравје” изјави Дражан Јањанин за порталот на „Српски инфо“.

Кузмиќ e префрлен на лекување во Белград каде според информациите на српските медиуми има сериозни повреди на градите и главата, но засега неговата здравствена состојба е стабилна.