ФИБА изнесе попладнево детаљи по одлуката да го одложи квалификациот меч мепу Македонија и Италија во Талин, наведувајќи дека македонската репрезентација оди во самоизолација по позитивни тестови на коронавирус кај тројца кошаркари.

Одлуката беше донесена откако тројца членови на делегацијата од Македонија беа позитивни на КОВИД-19, при што примарното внимание беше на здравјето и безбедноста на играчите, тренерите и службениците.Остатокот од делегацијата е ставен во изолација“, се наведува во соопштението на ФИБА, кое го пренесе македонската кошаркарска Федерација.

ФИБА наведе дека доополнително ќе се произнесе околу новиот термин на одигрување на одложениот меч, наведувајќи дека доколку има можност истиот ќе биде одигран до крајот на овој месец.

Дополнително ќе се изврши ново тестирање на тимската делегација на Македонија за понатамошна медицинска проценка и одлуки, вклучително и можно презакажување на натпреварот за време на овој ноемвриски прозорец“, соопшти ФИБА.