Трагичната смрт на Џорџ Флојд во САД по бруталната интервенција на полицијата предизвика големи немири во државата, но и рекации на многу спортисти.

Последен кој се огласи повод трагичната смрт е легендарниот кошаркар, Мајкл Џордан, тој на твитер напиша дека е лут и бесен поради се што се случува.

„Ужасно сум тажен, повреден и многу лут. Ја чувствувам болката, гневот и фрустрацијата на многу луѓе. Ги поддржувам сите кои се борат против расизмот и насилството врз „обоените“ луѓе во нашата земја, ова е навистина доста“ – напиша Џордан.