Кошаркарскиот клуб Будуќност од Подгорица објаив дека поранешниот селектор на Македонија, Александар Џикиќ е нов тренер на клубот. Ова преставува враќање на популарниот Џиле во клубот каде имаше големи успеси.

„Ја одбележа нашата најславна сезона, кога под неговата палка ја покоривме АБА лигата. Направи една компактна, воинствена, фајтерка екипа која подеднакво се бреше и дома и на страна. Под него го поставивме рекорднот по бројот на постигнати тројки на еден натпревар. Цел град го засака кога го зеде микрофонот и загрме „Ова не е театар“ во преполната Морача. Со него одиме во нови походи“- објави клубот.

Џикиќ потпиша договор на две години, а на клупата го менува Дејан Милојевиќ, кој заминува во НБА лигата, односно во редовите на Голден Стејт Вориорс.

Џикиќ, кој ја освои АБА лигата во април 2018-та година, а сменет беше во декември истата година, поради промашувања во селектирањето на екипата за Евролигата, без работа е од јануари 2020-та година, кога се раздели со Естудиантес.