Александар Ашаданов, новиот предводник на нашата женска сениорска репрезентација го објави списокот на кошаркарки на кои планира за квалификациите за Еврoбаскетот во 2023 година.

За дуелите со Германија и со БиХ, смета на вкупно 24.кошаркарки. Во наредниот период, се од официјалниот почеток на подготовките, предвиден за 4. ноември, селекторот ќе искомуницира со сите повикани кандидатки, по што ќе биде познато кои од нив ќе се појават на подготовките во Скопје.

Првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство кое во 2023 година ќе се одржи во Словенија и во Израел, нашиот најдобар женски национален тим ќе го игра на 11. ноември, во Хале, место блиску до Лајпциг, со почеток во  19.30 часот.

Официјални лица на овој натпревар ќе бидат: Набила Декиче (Франција), во улога на делегат, и судиите: Сесилија Тот (Унгарија), Никола Бејат (Норвешка) и Аријадна Чуека Морено (Финска).

Вториот меч ќе го играме на домашен терен, на 14. ноември, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, со почеток од 19.часот.

Судии на таа средба ќе бидат: Керем Баки и Мехмет Карабилечен (Турција) и Амалија Маркис (Романија), додека делегат е Наташа Ковачевиќ од Србија.