се надева дека ќе бидеме попаметни кога ќе гостуваме во Естонија

Селекторот Тодоров бара и позитивни нешта во поразот: Овој тим ќе се бори до крај!

Селекторот Александар Тодоров сака да бара позитивни нешта во поразот и не критикува поединци. Но, свесен е дека слабата одбрана во првото полувреме го одреди текот на средбата.

Не заслуживме да победиме, но тоа што се боревме, ми покажа дека овој тим во ноември ќе се бори до крај во Талин. Се надевам дека ќе бидеме попаметни кога ќе гостуваме во Естонија и ќе победиме со поголема разлика. Не мислам дека не бевме психолошки неподготвени, но во таа втора четвртина бевме безидејни, немавме контрола. На полувремето зборувавме дека не може на свој терен да играме како гости, но на 10 разлика утнавме три напади, ќе можевме да влеземе во поегал завршница. Нашиот стил на игра е тој, со многу шутеви за три поени, но Естонците погодуваа повеќе и од тешки позиции. “- изјави селекторот Тодоров пред тргнувањето за Перм, каде во недела од 18. часот по македонско време (20. часот по локално), го играме вториот меч од квалификациите, против селекцијата на Русија“.

Инаку, стручниот штаб предвиде три тренинзи во Арената „Молот“. Два од нив се в сабота, првиот од 12 до 13 часот, вториот пак од 20 до 21.30 часот.

„Црвено-жолтите“ ќе тренираат и на денот на натпреварот, в недела, во периодот од 10. до 11.30 часот.


Comments are closed for this post.

„црвено-црните“ пресилни за битолчани

ФОТО+ВИДЕО: Вардар победи против Еурофарм Пелистер , играчите клекнаа пред Комити

„чарачани“ го добија дербито во струмица

ВИДЕО: Шкупи го доби дербито со Академија Пандев и се врати на врвот во ПМФЛ

лацијалите со победа во вечното дерби

ВИДЕО: Сари го надмудри Мурињо. Лацио го доби римското дерби