Шпанскиот кошаркар Серхио Родригез заминува од европскиот кошаркарски шампион ЦСКА Москва како слободен агент.

Крајниот датум за обновување на договорот со актуелниот европски шампион беше 12 јули, но двете страни се согласија дека во моментов е најдобро да не биде продолжена соработката.

Популарниот Чачо оваа сезона имаше просек од 10,2 поени по натпревар и беше еден од клучните кошаркари на ЦСКА Москва во освојување на шампионската титула во Евролигата.