Тренерот на Црвена Ѕвезда Драган Шакота немаше што да им замери на своите играчи, бидејќи одлично се бореа во Барселона, но на крајот доживеаа пораз од 88:82, во 21. коло во Евролигата.

„Пред се, и честитам на Барселона за победата. Мислам дека беше одличен натпревар, гледачите можеа да уживаат. Беше многу изедначено. Што се однесува до нас, се соочивме со проблемите на енергија и мал број на играчи. Секако, имавме шанса да направиме уште подобар резултат, да одигравме подобра одбрана на крајот, во клучните моменти. Примивме неколку тројки во последните минути, со што Барселона направи недостижна разлика на крајот“ – изјави Шакота по натпреварот.

Шакота зборуваше на здравствените проблеми на своите играчи, поради тоа што на петмина не можеше да смета, а еден од нив не можеше да патува поради виза.

„Тие не дојдоа тука од различни причини. Имаме проблем со вируси, а тројца се повредени, додека Оџо има проблем со виза. Затоа немавме доволно играчи во ротацијата и на крајот имавме уморни играчи. Кога сте уморни не можете да играте одбрана и да носите паметни одлуки во нападот. Тоа е мојот впечаток“.

Тратос Перпероглу натпреварот го преседе на клупата и не играше против својот некогашен тим, како ни во минатото коло од АБА лига. Тој и понатака чека прв настап од ноември поради операција на коленото.

„Перпероглу беше таму да ја пополни екипата, бидејќи имавме само 10. играчи. Почна да тренира со екипата пред два дена. Одлучивме дека е време да биде со екипата, да патува, да се загрева. Тоа беше причина зошто допатува во Барселона“ – додаде Шакота.