Нема одмор за кошаркарите на Црвена Звезда. По поразот  од ЦСКА во Москва (100:74), веќе денеска во Белград гостува Олимпијакос.

Црвено-белите имаат учинок од пет победи и девет порази, и мораат денешниот меч да го добијат доколку сакаат да влезат во најдобрите осум што водат во плеј-оф.

Тренерот на Црвена Звезда, Драган Шакота рече дека неговата екипа мора да одигра паметно во 15. коло во Евролигата.

-Тимот на Олимпијакос е направен за големи работи, играат само Евролига, доволно е да се погледне нивниот ростер. Очигледно не ги исполнија очекувањата, но гледајќи го нивниот потенцијал поседуваат се што треба. Можат да победат секого, како што направија во неколку наврати. Од друга страна, имаме два наптревари во два дена и проблематично е да се предвиди како мојата екипа ќе го одигра овој натпревар. Наша цел е да одиграме што подобро и попаметно и да напредуваме како тим. – изјави Шакота.

Белграѓаните се во серија од три порази (Басконија, Задар и ЦСКА) и доколку не го совлада тимот од Пиреа ќе ја повтори низата како во Октомври, кога загубија од Будуќност, Макаби, Крка и Барселона.