Дарио Шариќ најверојатно ќе ја пропушти целата наредна сезона поради сериозната повреда.

Хрватскиот репрезентативец и кошаркар Феникс Санс го напушти теренот по само две минути од првиот натпревар во финалето на НБА лигата, а магнетната резонанца ја потврди црната прогноза дека се оштетени предните вкрстени лигаменти на десното колено.

Хрватскиот кошаркар ќе биде опериран оваа недела, а проценетото време на опоравување од таква повреда е помеѓу шест и девет месеци. Тој треба да му биде на располагање на хрватскиот тренер Веjко Мршиќ за Евробаскетот, кој е закажан за 1-18 септември следната година.

Минатата сезона, Шариќ имаше просек од 8,7 поени со 3,8 скока и 1,3 асистенции.