Во американската сојузна држава Њу Џерси се случи суров напад на четворица млади кошаркари од школска кошаркарска екипа врз нивниот тренер.

Инцидентот се случи пред два дена. Според информацијата на TMZ, младите спортисти се нафрлија врз тренерот по враќањето од гостински натпревар.

Полицијата поради возраста не ги соопштува имињата на напаѓачите, а градоначалникот на местото вети казна за сите учесници.