Иако е една од најголемите sвезди во НБА лигата, Кајри Ирвинг (29) размислува за пензија. Всушност, тој би можел да донесе одлука за завршување на кариерата уште следната сезона, доколку Бруклин Нетс одлучи да го направи спротивното од неговата идеја.

Според американските медиуми, Ирвинг истакнал дека ќе објави крај на својата кошаркарска кариера доколку наскоро биде трејдуван од Бруклин!

Ова е еден дел од долготрајните преговори помеѓу клубот и играчот, кои се однесуваат на новиот договор. Кајри влегува во трета година од договорот потпишан на четири, и Бруклин Нетс размислуваат дали е подобро за нив да ја продолжат соработката или да се обидат да добијат друг играч во размената.

На Ирвинг воопшто не му се допаѓа таквата идеја, па затоа е близу до одлуката активно да престане да игра кошарка.

Неговите агенти им рекоа и на Нетс, кои сега мора да бидат повнимателни за секој чекор.

Иако оригиналниот план на Бруклин беше тројцата клучни играчи на тимот да ја продолжат соработката, засега тоа го направи само Кевин Дурант. Ситуацијата околу Ирвинг не треба да влијае на преговорите со Џејмс Харден, така што овој тим и следната сезона ќе биде еден од најсилните во лигата.