Голем број од читателите на шпанска „Марка“ веруваат дека хипотетичкиот тим на стара Југославија денеска се во можнос да ја добијат селекцијата на САД.

За вакво мислење пред се виновни се Лука Дончиќ и Никола Јокиќ кои треба да бидат на чело на таа селекција, додека од втор план тука се Богдан и Бојан Богдановиќ.

Важна е и улогата на селекторот за тоа како би се вклопила екипата, а според читателите тоа нема да е голем проблем. 60% проценти од скоро 4.500 гласови веруваат дека Југословија ќе го совлада Америчкиот национален тим.