Кадетската репрезентација на Македонија за играчи до 16 години од денеска до 18 август ќе настапи на Европското првенство А-дивизија за прв пат во елитата по пауза од 20 години.

Италија е домаќин на шампионатот, примарната цел е да се обезбеди опстанок.

„ Наша цел е опстанок во А дивизијата. Ние тешко може да се бориме за медал“– изјави  пред заминувањето за Италија, селекторот Денис Дервишевиќ.

Црвено-жолтите првенството го отвораат денеска со дуелот против Шпанија чиј почеток е закажан за 14 часот и 30 минути