Kошаркарите на МЗТ Скопкје славеа на домашен паркет против Широки со 83-71 во рамки на 8.коло на АБА 2 лигата.

Македонскиот првак уште на самиот старт од мечот ја имаше контролата врз резултатот, откако првата четвртина ја доби со 25-18. На полувреме „Штрковите“ заминаа со солидна предност од 10 поени разлика, односно резултатот на семафорот гласеше 41-31. Македонскиот претставник во втората четвртина и дефинитивно го скрши отпорот на Широки и во последниот период влезе со позитива од 16 коша предност, кои гостите во последниот период успеаа да ги намалат , а конечниот резултат гласеше 83-71.

Во тимот на МЗТ најефикасен поединец беше Џабари Хајндс со 17 поени, додека кај гостите најистакнат поединец на паркетот беше Дрезњак со 13 коша. За македонскиот првак ова беше 6. триумф сезонава во АБА 2 со кој се искачија на втората позиција на табелата зад лидерот Борац.