Koшаркарот Си – Џеј Мекалум се договори со НБА тимот на Портланд за продолжување на договорот. За новата тригодишна соработка кошаркарот ќе добие 100 милиони долари објави „ЕСПН“.

Новото продолжување на договорот, кое ќе важи од сезоната 2020/21. Мекалум беше клучен за пласманот во полуфиналето на Западот, кога со 37 поени во мајсторката го победи Далас Маверикс. Портланд во новата сезона со Мекалум и Лилард повторно имаат високи амбиции.

Пред тоа Лилард својот договор го продолжи на нови четири години за сума од 196 милиони долари.