Стручњаците предвидoa, Mакедонија наскоро ќе го добие вториот кошаркар во НБА. По Перо Антиќ кој играше две сезони во дресот на Атланта Хокс, пред извесно време американските стручњаци го ставија името на 16. годишниот Теодор Симиќ меѓу десетте најквалитетни кандидати високи 210. сантиметри и повеќе, на кои им се предвидува настап во најквалитетната лига на светот-НБА.

Но исто така е јасно дека патот до оние кошаркарски величини е доста долг, во таа насока се и размислувањата на актуелниот кошаркар на Барселона, кој наместо на тренинг во кампот „Ла Месија“, во изминатите денови дел од обврските ги реализира во едни, условно кажано, „домашни услови“.

Со оглед на тоа дека „административно“ ја надмина онаа граница на играчи „Под 16“, извесно е дека следната репрезентативна акција,најверојатно во текот на летниот период, ќе ја дочека и како сениорски репрезентативец.

„Мое е да тренирам, најсилно, најдобро што можам. Сакам да напредувам секојдневно. Ќе видиме што носи иднината. Работам, односно сум организиран согласно со плановите на клубот за кој настапувам. Требаше да играме на ЕП во Скопје, но за жал, ФИБА го одложи тоа натпреварување за следната година, што автоматски значи дека некои други момци ќе имаат шанса да заиграат во ‘А’ Дивизијата. Мојата генерација ќе се обиде да направи влез во елитната конкуренција. Доколку добијам повик за играње во сениорскиот тим за мене тоа ќе биде исклучителна почест. Реков, сакам да напредувам, а играњето за најдобрата македонска репрезентација за мене ќе биде токму тој исчекор кој сакам да го направам во деновите кои следуваат“– посакува Симиќ-јуниор, додека вредно, на добро познатата „скопска локација“ тренира со поддршка на својот татко, Тони.