Селекторот на јуниорската репрезентација , Тони Симиќ по поразот од  Чешка за третото место на ЕП во Романија за играчи до 18 години, дивизија Б, изјави дека е задоволен од постигнатото на шампионатот.

На оваа генерација и се укажа голема шанса за пласман во А-дивизијата, сепак последниот меч и поразот од Чешка кој беше само втор на првенството ни го згаснаа сонот  за прогрес во најквалитетната група.

„Јас, Тони Симиќ, како селектор на М18 заедно со стручниот штаб, сакам да изразам едно големо благодарам до моите избраници. Деца мои, вие сте за мене победници,  го оставивте срцето на терен, ме направивте горд и мене и вашите родители, ја направивте горда Македонија“ – изјави Симиќ.

Симиќ додаде дека секогаш ќе има  и незадоволни и од ваков резултат и пристап на игра, но нека им служи на чест ќе рече селекторот.