Еден од најдобрите аргентински кошаркари на сите времиња  Луис Скола на 39 години ја продолжува кариерата во Олимпија од Милано, а тоа го потврди италијанскиот гигант.

Скола имаше понуди од Реал Мадрид и Бока Јуниорс, но на крајот реши да се пресели во Милано, кадешто потпиша едногодишен договор.

Искусниот центар се враќа во Евролигата по 12 години, откако во минатото во дресот на Тау Керамика се етаблираше, од каде замина во НБА лигата и ги бранеше боите на Хјустон, Индијана, Торонто и Бруклин.

Последните две сезони аргенинецот ги мина во кинески  Шанжи и Шангај, а сега се сели во Олимпија по одличнтие настапи на Светското првенство во Кина. Скола со 17,9 поени и 8,1 скок по меч ја предводеше Аргентина на патот до сребрениот медал и беше избран во иделната петорка на првенството.