Лука Дончиќ блеска во НБА  лигата, јавноста во Америка е маѓепсана од играта на Словенецот кој со осекој нов  одигран натпревар го потврдува својот квалитет и раскошен талент.

Легендарниот Пол Пирс за ЕСПН во емисијата The Jump” му даде прекар на Дончиќ.

„Неговиот прекар мора да биде „прелесниот“, игра едноставно, игра добро, игра лесно“ – изјави Пирс.

Дончиќ сезонава има просек од 30 поени по натпревар, 10 скока и 9 асистенции.