Грчкиот кошаркарски репрезентативец Костас Слукас ќе потпише нов тригодишен договор со екипата на Фенербахче и според новиот договор ќе заработува вкупно шест милиони евра.

За 29-годишникот постоеше интерес од Реал Мадрид, Барселона и ЦСКА Москва, но на крајот Слукас се реши да остане во Истанбул.