Шпанскиот прволигаш Хувентуд за која настапува македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ја забележа седмата победа во низа во АЦБ  лигата. Хувентуд славеше пред своите гледачи во пресметката со Билбао со резултат од 97-86.

Хувентуд одигра одличен меч, а пресудно беше беспрекорното издание во нападот на домашните кошаркари во второто полувреме, кога за 20 минути постигнаа дури 59 поени.

Ненад Димитријевиќ за 12 минути на паркетот реализираше 8 поени со 2 скока и 4 асистенција, а најефикасен во тимот на Хувентуд беше Препелиќ со 19 коша.