Македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски беше дел од почетната петорка на неговиот нов клуб ЛХА Аликанте на пријателскиот натпревар со Ковиран Гранада.

Ѓуроски постигна 15 поени во победата од 90:80. Со ова продолжија подготовките за новата сезона во Шпанија.

Ова е добра вест за Аликанте, особено по тестирањето непосредно пред мечот и негативниот резултат за Ковид-19.

Во воведното коло од новата сезона во Шпанија, Аликанте на18 октомрви ќе игра против Баскет Џирона.