Пред 27 години на денешен ден во страшна сообраќајна несреќа животот го загуби еден од најдобрите кошаркари Дражен Петровиќ.

Со него, во возилото „Голф“ се наоѓаа и возачот Клара Саланци, која во тоа време му била девојка и тогашната 23 годишна талентирана кошаркарка Хилал Едебал.

„Многу ми беше тешко. Долго време бев на терапии. Целосно го загубив памтењето. Не препознавав ништо во Минхев, градот во кој израснав. Каде и да одев, родителите мораа да ме враќаат назад.“ – изјавила Хилал пред неколку години.

Таа дури и се обидела да се убие сакајќи да скокне од 17 кат за време на рехабилитацијата која ја имала.

„Не сакам да скокнам за да се убијам. Само сакав да се разбудам од сонот. Мислев дека кога ќе скокнам, ќе престанам да ја сонувам оваа ноќна мора. Секако дека Клара немаше намера да го убие Дражен, но дефинитивно возеше пребрзо. И ми го упропасти животот.“ – додава Хилал.

За целиот случај останува нераскажана приказната на Клара која го одбила секое барање за разговор на оваа болна тема. Во 2001 година таа се омажи за германскиот фудбалски репрезентативец Оливер Бироф.

Клара со сопругот Оливер