Австралија ја победи Канада на кошаркарскиот Мундијал во Кина со 108-92, натпревар од конкуренцијата Х на шампионатот.

Двете селекции се менуваа во водство, во третата четвртина Канада беше подобра со 37-24, Австралија до пресврт дојде во последниот период,  го реализираше со 32-15 за прва победа на првенството.

Најефикасен кај „кенгурите“ беше  Делаведова со 24 поени, Крис Голдинг запиша 16 поени.