Бразил немаше сили за изнеандување на средбата со САД, загуби со 89-73 и ги загуби шансите за пласман во четвртфиналето.

Американците се мачеа на неколку натпревари но победија на сите, и во првата и во втората фаза на Мундијалот. Тарнер и Вокер со по 16 поени беа предводници на составот на САД до победата над Бразил.

Со оваа победа на САД, Чешка е потврдена како четвртфиналист на шампионатот, Американците во нокаут фазата се среќаваат со Франција.