Италија одлично го започна кошаркарскиот Мундијал во Кина со победа над Филипините 108-62.

Кошаркарите на Филипини постигнаа само 8 поени во првата четвртина која заврши со резултат 37-8 за Италија. Датоме и Дела Вале постигнаа по 17 поени за Италија.

Во оваа група Д, Србија претходно ја победи Ангола со 105-59. Во следното второ коло, Италија игра со Ангола додека Србија со Филипини на 2. септември.