Италија го победи Порторико со 94-89 по едно продолжение, натпреварот немаше резултатско значње но беше неверојатен и возбудлив.

Порторико пропушти предност од 26 поени разлика, Италија со фуриозна последна четвртина (33-19) стигна до израмнување  и победи во продолжението со 11-6 на овој возбудлив натпревар.

Резултатот немаше никакви значење бидејќи и двете селекции од претходно ги загубија шансите за пласман во четвртфиналето.

Победата на Италија и ја донесоа Белинели со 27 и Галинари со 22 поени кои  беа клучни за пресвртот на Мундијалот во Кина.