Завршија уште три меча на Мундијалот во кошарка во Кина, победи запишаа, Доминиканската Република, Бразил и Турција.

Доминиканската Република во групата Г ја победи селекцијата на Јордан со 80-76. Јордан имаше одличен финиш на мечот, последните две четвртини го  доби со 17-14 и 23-19 но тоа беше недоволно за победа.

Во групата Ф, Бразил го победи Нов Зеланд со 102-94, Барбос постигна 22 поени додека  Луз  мечот го заврши со 15 поени во победата на „кариоките“.

Турција рутински запиша победа над Јапонија, ги доби сите четири периоди на мечот за триумф во првото коло со 86-67 во групата Е во која уште денеска ќе играат САД и Чешка.