Кошаркарската репрезентација на Црна Гора по втор пат е поразена на Мундијалот во Кина, сега загуби од Нов Зеланд со 83-93.

Со овој пораз, селекцијата на Црна Гора ги загуби шансите за прогрес во фазата за висок пласман на шампионатот. Вебстер со 25 и Фоту 20 поени беа најефикасни кај Нов Зеланд кој има три бода од две средби во конкуренцијата Ф, во оваа група уште играат и Бразил и Грција.

Доминиканската Република направи големо изненадување против Германија, славеше со 70-68 и ги исфрли германците од шампионатот.  Лиз со 17 и Варгас со 16 поени инспиратори на победата на Доминикана. Во оваа група Г, подоцна се среќаваат Јордан и Франција.

Денеска се одиграа и натпреварите, Австралија – Сенегал 81-68 и Јапонија – Чешка 76-89.