Како што јавуваат медиумите од Србија, како последица од мозочен удар, почина српскиот кошаркар Стеван Јеловац на само 32-годишна возраст.

Јеловац  ја загуби битката за живот, откако пред три недели доживеа мозочен удар за време на тренинг на неговиот тим АЕК Атина.

Повремениот репрезентартивец на Србија, играше за Мега, Црвена Звезда, Анталија, Литвос Ритас, Сарагоса, Нижни Новгород, Бросе, Газијантеп, а пред да потпише за АЕК кратко играше и во Јапонија.