Кошаркарите на Работнички им се вратија на обврските во домашното првенство по настапот во АБА 2 лигата и по примерот на МЗТ Скопје Аеродром, немаа свој ден во суперлигата.

Центарци загубија со убедливи 95:70 од Куманово во домашното првенство. Ако ја измеме воведната четвртина во која имаше рамноправна кошарка, се останато беше во знакот на Куманово.

Ливингстон со 20 поени и девет асистенции беше најдобриот поединец во победничкиот тим, Робев се издвои со 12 поени и 10 скокови. За поразените Ерик Питс беше најефикасниот на паркетот со 17 поени.