Дополнителните прегледи на коленото на Драган Милосавлјевиќ покажале дека има повреда на лигаментите и поради ова тој нема да игра за Србија на СП во Кина.

„Станува збор за повреда на лигаментите на коленото која мора да се санира со интензивна терапија и воедно ќе мора да бидат оперирани. Ова значи дека Милосавлјевиќ за жал нема да може да настапи на СП во Кина.“ – изјави лекарот на Србија, Драган Радовановиќ.

Србија денеска ќе игра против Италија на контролниот турнир во Атина.