Кошаркарската репрезентација на Србија со 87:72 по четвртини (25:18, 19:18, 27:18, 16:18) ја совлада Турција на Акропол купот во Атина, еден од последните подготвителни турнири пред заминувањето на селекциите на Светското првенство во Кина.

Тимот на Александар Ѓорѓевиќ доминираше од почетокот до крајот за да на крајот триумфираат лесно и стигнат до победа.

Никола Јокиќ беше најефикасен со 18 поени и 11 скокови, Богдан Богдановиќ уфрли 17, а Стефан Бирчевиќ 13 поени. За Турција, Ерсан Иљасова постигна 13, а Чеди Осман 12 поени.

Единствена грижа за Ѓорѓевиќ беше повредата на коленото на Драган Милосављевиќ, кој не го заврши мечот, неколку дена откако тие останаа без капитенот Милош Теодосиќ.

Србија во финалето на турнирот во Грција ќе игра со подобриот од мечот меѓу домаќинот и Италија.