Откако медиумите во Србија најавија дека има еден кошаркар од редовите на Партизан заразен со Ковид-19, од клубот излегоа со официјално соопштение.

„Кај центарот на Партизан, Никола Јанковиќ е потврдено присуство на вирусот Ковид-19. По завршувањето на сезоната Јанковиќ планираше да одие во странство на одмор и според пропишаните процедури направи тест за коронавирус. Тестот е позитивен иако Јанковиќ тренираше и нема никакви симптоми. “ – стои во соопштението на КК Партизан.

Од српскиот прволигаш потврдија дека сите кошаркари и членови на стручниот штаб ќе бидат превентивно тестирани во накрајток можен рок.

Дополнителен проблем представува тоа што Јанковиќ бил на трибините на фудбалското дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда кое го следеа над 25 000 луѓе во живо.