Србија има убава бројка на кошаркари во НБА лигата, сепак ТВ Аренаспорт нема да ги емитува мечевите каде нокеска ке настапат дел кошаркарите од оваа земја.

Медиумскиот гигант ги има ТВ правата за НБА лигата но вечерва нема да емитува натпревари на кои ќе настапат пет играчи од Србија.

Никола Јокиќ настапува за Денвер кој на отворањето на сезоната се среќава со Портланд, во Србија нема да има пренос од оваа средба.

Сакраменто има двајца Срби во составот, Немања Бјелица и Богдан Богдановиќ, вечерва играат со Феникс но и од овој меч нема да има пренос.

Бобан Марјановиќ е член на Далас кој е домаќин на Вашинготн но и од овој натпревар Аренаспорт нема да емитува пренос.

Конечно и последниот меч од ноќешната програма каде ќе игра кошаркар од Србија нема да оди низ пренос, Марко Гудуриќ ќе дебитира за Мемфис кој гостува кај Мајами, погодувате, и од оваа средба ќе нема пренос во Србија.