Почетокот на домашното првенство во Првата лига во машка сениорска конкуренција за сезоната 2019/2020 е одложен, информираат од македонската кошаркарска федерација.

Новата сезона требаше да започне престојниот викенд, но поради откажувањето на АБ Охрид тоа ќе се пролонгира.

За потсетување само дека пред два дена претседателот на Охрид, Донески се откажа од финансирање на клубот, поради финансиски причини. Како што стоеше во соопштението тој не може сам да го финансира клубот, а нема ништо од ветената помош која требаше градот Охрид да му ја даде.

Бројот на клубови во Првата лига изнесува 10, прашање е дали ќе остане со тој број или ќе се пополнат празните места.