Српскиот кошаркарски репрезентативец Стефан Јовиќ потпиша двегодишен договор со рускиот тим Химки со што ќе биде играч на оваа екипа до 2021-та година.

Претходно Јовиќ пред да се пресели во Русија настапуваше за германскиот шампион Баерн Минхен.

Јовиќ во баварскиот гигант имаше просек од 8.3 поени, 4.6 асистенции, 2.4 скока и 1.3 украдени топки по натпревар, во натпреварите одиграни во Евролигата.

На големо се шпекулираше дека Стефан Јовиќ и Милош Теодосиќ (Виртус) ќе го облечат дресот на омилениот клуб во новата сезона, но и двајцата плејмејкери сепак се решија да не се вратат во татковината.