Како пренесува кошаркарскиот портал ” Еурохупс ” српскиот кошаркар Стефан Марковиќ ја прифатил понудата на италијанскиот клуб Виртус Болоња.

Според информациите на Марковиќ му е понуден договор на една година со можност за продолжување на соработката на уште една сезона, доколку двете страни бидат задоволни од првата година.

Марковиќ последните две сезони играше за рускиот Зенит, а доколку се договори со италијанскиот тим ќе игра заедно со Милош Теодосиќ кој исто така потпиша оваа година за оваа екипа. Двајцата кошаркари заедно настапуваа во дресот на националниот тим на Србија каде селектор им беше токму сегашниот тренер на Виртус Болоња легендарниот Александар Ѓорѓевиќ.