Тренерот на Голден стејт, Стив Кер сезонава се соочува со огромни проблеми, откако остана без своите најдобри кошаркари Клеј Томпсон и Стеф Кари. Покрај овие двајца потешка повреда доживеа и најголемото засилување ова лето Деанџело Расел.

Голден Стејт се екиата со најлош скор во НБА лигата, но на последните неколку натпревари играат далеку подобро. Вориорс синоќа загубија од Орландо со 96-100, а Кер се надева дека наскоро ќе излезат од резултатската криза.

„Имавме добар натпревар. Се чувствува прогрес во играта, но тоа се уште не е доволно. Се надевам дека со напорна работа ќе дојдат и резултатите. Напредок е видлив во споредба со почетокот на сезоната. Ќе ја надминеме најтешката фаза во која се наоѓаме“- изјави Кер.

Голден Стејт е финалист од минатата сезона во НБА лигата, а во последните 5.години имаат 3 шампионски прстени.