Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Стојан Ѓуроски по одличната сезона во Шпанија каде настапуваше за Уеска и Мелилја се сели во Франција каде се договори со тимот на Алм Евро Баскет,екипа која се натпреварува во втората француска дивизија.

Македонецот минатата сезона во Шпанија имаше учинок од 14.4 поени, 3.5 скокови и 1.6 асистенции по натпревар.

Ѓуровски во својата досегашна кариера има настапувано за Левски од Софија како и за нашите прволигаши Кожув, МЗТ Скопје, Блокотехна и Карпош Соколи.