Македонската кошаркарска репрезентативка, Александар Стојановска не е задоволна од третманот (поделбата) при начинот на реализирање на натпреварите во женска конкуренција во однос кај мажите.

Нашата интернационалка која по операцијата на скочниот зголб е во завршна фаза од рехабилитацијата ,на социјалните мрежи постави неколку интересни прашања до организаторот на домашното женско првенство и одлуките кои ги носат клубовите.

„За време на една ваква пандемија, мислам дека ЗДРАВЈЕТО на една личност е поважно од се друго останато. За време на една пандемија, во земја која е меѓу топ ризични земји за зараза од Ковид19, ДОЗВОЛЕНО е да се спортува со дадени мерки за заштита, мерки кои лебдат во воздух и никој не ги почитува! Да биде уште потрагично, дозволено е да се почнат натпревари (кошарка) БЕЗ претходно тестирање на играчите и целата управа..па со кој памет вие клубовите (одредени) сакате да се натпреварувате, не размислувајќи претходно на ЗДРАВЈЕТО на тие играчи и на здравјето на нивните најблиски?!?! Дали сте свесни што може да предизвикате со ова ваше однесување?!?! И до каде мислите дека ќе стигнете со тоа?! Спортот на сите ни фали, на сите ни се игра и тренира, но не сме држава која може да обезбеди добри услови за тренинг и натпревари во време на ваква пандемија и пред сето тоа, ставете прст на глава и мислете на здравјето на сите околу вас, а не да бидете алчни и себични!!!“ – напиша Стојановска.

5 коло од првата женска лига е закажано за овој викенд а ова е делегирањето: