МЗТ Скопје Аеродром утре ќе атакува на трета победа во низа против Рогашка во АБА 2 лигата. Капитенот на „Металците“, Дамјан Стојановски предупредува дека ова нема да биде лесен натпревар.

„Против себе имаме тим кој со право се надева на влез во плеј-офот, порато што ќе даде се од себе за да го сочува домашниот терен. Но, тоа нема да зависи само од противникот, туку пред се од нашата игра. Ако влеземе како што треба, ги слушаме инструкциите и дадеме максимум, тогаш ќе може да се надеваме на успех.“ – изјави Дамјан Стојановски.

Соочувањето меѓу Рогашка и МЗТ Скопје Аеродром е закажано за утре од 17 часот.