Кошаркарската селекција на Македонија денеска го има првиот собир пред квалификациските натпревари за ЕП во 2021 година. Македонија на 20 и 23 февруари ќе ги одмери силите со Естонија, односно Русија.

На денешнаа прес-конференција капитенот Војдан Стојановски, истакна дека имаат време добро да се подготват и се надева дека сите ќе останат здрави.

„Денес започнуваме со тренинзи, мислам дека имаме доволно време да се спремиме за Естонија. Натпреварот  многу битен за нас, не очекува и  пријателска средба, но мислам дека е најважно сите да останеме здрави за дуелот. Јас се чувствувам добро, тренирам од декември. Ми одговараше По Ортез, бидејќи игравме на два фронта, па за еден месец одиграв десетина натпревари“-изјави капитенот.

Македонија дуелот против Есонија ќе го одигра во Скопје, во A1 Спортскиот центар „Борис Трајковски“ на 20 февруари со почеток од 20:15 часот.