Раководството на МЗТ Скопје Аердром потпиша нов договор со Андреј Маслинко со времетрање од една година. Талентираниот македонски репрезентативец се согласи трета година по ред да го носи дресот на „металците“.

„Неговото задржување е нова потврда на нашите заложни за давање шанса на талентираните домашни играчи, кои во иднина би биле движечка сила на македонската кошарка во целост. Стручниот штаб предводен од тренерот Ѓорѓи Кочов од крилниот центар очекуваат да се наметне како една од (нај)важните алки во играта на нашиот тим и во целост да го покаже сиот свој раскошен талент.“ – соопштија од МЗТ Скопје Аердром.

Маслинко минатата сезона имаше неколку повреди  поради кои настапи само на 16 натпревари во домашното првенство за екипата предводена од Ѓорѓи Кочов.